Oва Mini би сакал секој да го вози

212

При лансирањето, Мini Countryman беше замислен како мал, робусен SUV кој сепак е фокусиран на асфалтот.

Но откако се здружија Delta4x4 и X-Raid тимот што победи на релито Дакар, јасно е дека е добиен поекстремен автомобил, кој изгледа многу поавантуристички и агресивно, но сепак е во рамките на дозволеното за возење по автопати и коловози.

Сеуште, само концепт

Иако, она што го гледате на фотографиите е само радикален, дигитален проект, сепак, двата тима велат дека ако се побуди доволен интерес, овој мини авантурист може да се стркала на патиштата, во мала, ограничена серија.

Од најзначајните разлики кои ги предвидува овој тјунинг пакет, може да ги издвоиме – предниот браник кој е проширен во однос на фабричката верзија за 200 мм, тука е бул барот на предниот браник кој штити од мали оштетувања, а дополнителен авантуристички дух на моделот му даваат и дополнителните лед светла во браникот и на кровот.

На кровот има сериозно поголем простор за складирање и превоз на скии, резервни тркала во оригинална големина, два канистери.

Целиот Countryman е обоен во мат сива боја, со портокалови спортски линии.

Сериозно тјунирање

Моделот има многу посериозни 18 инчни алуминиумски тркала, со робусна all terrain шарка.

Суспензијата е дополнително тјунирана и на моделот му додава уште 50 мм оддалеченост од тлото (ground clearance).

Иако не е дефинирано, од рендерите, се претпоставува дека како база за овој концепт е земен моделот 308 hp (230 kW / 313 PS)  кој е целосно електричен, придвижуван од батерија 66.5 kWh и има ранг од 341 километри со полна батерија.

Реклама