Hyundai Motor доби дури шест признанија (награди) на манифестацијата Red Dot Awards која главно е фокусирана на дизајнот и која ја организира Design Zentrum Nordrhein Westfalen од Германија.
Притоа, брендот се закити со признанија во следните класи : Натпреварот за Дизајн на Производ. Награда добија IONIQ 9, сосема новиот Palisade, Smart Taxi Индикатор, Глобален EV Домашен Полнач, E-pit Ултра-брз полнач , и Pixel Safety Чекан и Секач.
Наградените за Продукт Дизајн и нивни основни карактеристики

IONIQ 9
- Голем, електрифициран SUV со аеростатична силуета
- Максимизиран аеродинамични перфоманси спарени со протран ентериер
- Елиптичен интериеререн дизајн со смирени тонови, која потсетува на лаунџ (кафуле)

Сосема новиот PALISADE
- ‘Bold Premium’ надворешен дизајн со чисти линии и форма на скулптура
- Одличен комфорен простор внатре, со ексклузивни својства

Smart Taxi Индикатор
- Напредна надворешна естетика и подобрена безбедност за клиентите
- ги интегрира такси знакот и оперативниот статус во една единица
- монтиран на лајснаа над Б-столбот

Глобален EV Домашен Полнач
- Поедноставен дизајн со интуитивни функции
- Нуди три дизајнерски опции : монтиран на ѕидот, самостоечки и мнтиран на канопи табла

E-pit Ултра-Брз Полнач
- Спремен за поставување во ограничени со простор средини, како шт се подземни паркинзи
- Ефикасна средина за полнење

Pixel Безбедносен Чекан и Секач
- Алатка за безбедност со која може да се скрши прозорецот или да се исечат ремените
- Едноставен дизајн со четири пиксели кои ја олеснуваат операцијата














