Корејскиот бренд Hyndai го промовираше новиот хибриден систем кој би требало да биде за 45% поефикасен од автомобилите кои користат мотор со внатрешно согорување.
Во суштина, Hyundai планира да користи ддва електромотори, со што ќе се зголеми ефикасноста на моторот и ќ се заштеди бензин.
Во промовираниот систем, првиот електромотор е одговорен за движење на моторот со внатрешно согорување и за враќање на енергијата, а вториот е одговорен за погонот на автомобилот.
Хибридниот систем ќе се комбинира со неколку мотори со внатрешно согорување, чија сила ќе се движи од 100 до 300 коњски сили.







