Oва е новата LADA Niva

494

Првата Руска LADA Niva, теренецот кој имаше огромна популарност и во нашата земја, познат по својата робусност, издржливост, флексибилност и можност да се прилагоди на секаков терен, беше лансирана во далечната 1977 година.

Минатата година беше најавена сосема новата верзија, иако, гледајќи ги фотографиите, очигледно е дека дизајнерски, новата генерација не се разликува многу од првата Lada Niva.

Сега можете да ја изберете и во Sport варијнта.

Моторот на новата LADA e 1,6 литарски, четири цилиндричен мотор со 16 вентили, и моќност од 122 коњски сили, што иако не звучи импресивно, сепак е далеку подобро од старата LADA Niva која имаше моќност од 77 коњски сили.

И кај новата Niva погонот е на сите тркала, со редуктор, кој се активира при возење на особено тежок терен.

Почетната цена на овој нов производ на AvtoVaz ќе изнесува 18.000 евра.

Реклама