И AUDI ги запира испораките во САД

289

И Германскиот производител на премиум автомобили AUDI, реши времено да ги запре испораките на своите автомобили кон САД, како што тоа го направија и други брендови, како на пример Nissan и Jaguar Land Rover.

Причините се јасни : новите царини за сите автомобили кои не се произведени во Америка, сe веќе зголемени на 25%, и затоа, мора да се види и оцени реакцијата на купувачите на овој сериозен ценовен шок.

Дополнително, се шпекулира дека Трамп може да се предомисли или да влезе во директни преговори со земјите од Европската Унија за намалување на царините, па евентуалниот исход од овие преговори може да предизвика нов шок на пазарот.

Реклама