Колку време траат лед сијаличките на предните светла

342

Лед сијаличките станаа составен дел на речиси секое предно светло кај модерните возила.

Тие се исклучително практични и одлично го осветлуваат патот при ноќно возење, а напредните лед матрикс системи имаат и одлични перформанси – го прилагодуваат снопот светлина зависно од патот, условите на возење, влезот во свиоци… Тие имаат можност за автоматско соборување на светлината кога ви се приближува возило од спротивна насока со што се избегнува заслепување на возачот…

Производителите на возила, најчесто изјавуваат дека лед светлата имаат животен век, колку што е животниот век на возилото.

Но дека тоа не е баш така, потврдува и анализата на експертите од ADAC според која лед светлата имаат век од околу 15 години. Тоа значи дека ако имате постаро возило од 15 години, голема е веројатноста дека ќе доживеете некаков дефект на предните светлосни системи, кој кај лед матрикс светлата може да чини и повеќе од 3.000 евра.

Реклама