Италијанскиот производител на автомобили, Lamborghini, кој работи под капата на VW Group, објави дека минатата, 2024 година била рекордна според направениот промет, според испораките и оперативниот приход.
- Остварен е промет од 3,09 милијарди евра, пораст од 16,2% во спроедба со 2023 година
- Оперативниот профит изнесува 835 милиони евра, 15,5% повеќе од 2023 година
- Оперативната маржа изнесува 27%, што го прави брендот еден о најпрофитабилните во бизнисот денес.
- Automobili Lamborghini испорача 10.687 возила, што претставува пораст од 5,7%.

Најголем, дел од возилата и понатаму се продаваат на пазарот во Европа, следуваат земјите во Америка и на крајот и Азија.
Со својата активност и развој, Lamborghini, кој комплетно се произведува само во Италија останува симбол но и значаен економски чинител во домашната економија, каде фабриката, само во последните две години вработи нови 1.000 луѓе.








