Продолжува општата офанзива на активистите во Америка, Европа и Канада потив Илон Маск и неговата компанијата Tesla.
Откако беа отстранети автомобилите на Tesla од Саемот за автомобили во Ванкувер, бидејќи организаторите се плашеа да не дојде до инцидент, напад или вандализирање, во Монтреал двајца активисти сред бел ден ја обоија фасадата на едно дилерство на Tesla со розова боја.
Дополнително, во едно дилерство во Онтарио, на 80 автомобили Tesla во уште еден вандалски чин, беа оштетени и им беа дупнати гумите.
Отпорот во Канада против Маск, беше распламтен од повеќе негови и изјави на неговиот шеф, Претседателот Трамп.
Конкретно, во една прилика, Маск изјави дека Канада, практично и не е држава.
Трамп, исто така во неколку изјави ги боцна Канаѓаните, барајќи од нив, доброволно да се приклучат како 51-ва држава во Соединетите Американски Држави.
Нивните ставови, беа засилени со високите царини кои САД ги наметна на Канада.
Останува да видиме како ќе продолжи драмата со Тesla, која се соочува со веројатно најтешките денови во својата историја.







