Во Србија ќе се прави уште еден популарен автомобил

264

Фабриката на Stellantis во Крагуевац, покрај FIAT Grande Panda, ќе биде одговорна за производство на уште еден популарен автомобил.

Се работи за електричниот Citroen C3, кој ја дели платформата со Grande Panda, а ќе биде склопуван во соработка со фабриката на Stellantis во Трнава, Словачка.

Замислено е во моментите кога побарувачката за C3 ќе порасне, а Словачката фабрика ќе работи со полн капацитет, производството на дел од планираните единици ќе биде префрлено во Крагуевац.

Исто така, голем дел од компонентите кои ќе се склопуваат во Трнава, бидејќи C3 ја носи истата платформа со Grande Panda, ќе се прават во Србија.

Реклама