Oва е новата Оpel Mokka

291

Брендот од Риселсхајм, Opel, кој имаше турбулентни неколку години наназад, во моментов функционира под капата на Stellantis Групацијата во која членуваат многу автомобилски брендови како што се Citroen, Peugeot, Fiat, Alfa Romeo, Chrysler, Jeep, Abarth… и продолжува да ги лансира своите нови и освежени автомобили.

На ред дојде и малиот градски SUV во B Сегментот – Opel Mokka.

Новата Mokka, изгледа свежо и модерно.

Може да се порача и во три изведби – со бензински мотор со моќност од 100 kW (136 кс), како хибрид со 48-волтна технологија и како електричен автомобил на батерија со моќност од 115 kW (156 hp) кој има автономија од 403 километри со едно полнење.

Дизајнерски и новата Mokka, како и сите останати нови модели на предната маска го има таканаречениот Opel Vizor, во чија средина е поставено новото Blitz лого.

Под мотото “црното е убаво” дизајнерите на Opel кај новата мока направиле дизајнерски потег, и со црно ја обоиле предната хауба и во една аеродинамична линија, го продолжиле црниот елемент во продолжена црна линија која се движи над стаклата.

Црни елементи се протегаат и во предниот браник, како и на калниците над тркалата и страничната линија.

Ентериерот е модерен, возбудлив, а материјалите од кои се направени елементите во ентериерот се од рециклирачки состав. Воланот кој е за нијанса срамнет на горниот и долниот дел е направен од “вегански” материјали.

За изгледот функционалноста на ентериерот, централниот инфотејнмент систем ќе се осврнеме во некој следен пост.

Реклама