Италијански Фиат, го претстави својот нов SUV под името Argo X, кој генерално ја следи дизајнерската филозофија на Grande Panda.
Moделот ќе биде опремен со Flex-Fuel хибридна технологија.

На врвот на понудата е три цилиндерскиот 1.0 литарски мотор со турбо полнење, комбиниран со 12 волтна блага хибридна технологија. Неговата максимална моќност изнесува 125 коњски сили кога се користи бензин до 130 коњски сили кога вози на етанол.
Максималниот вртежен момент изнесува 200 Nm.
Моторот е спарен со CVT автоматска трансмисија која симулира седум брзини.
Производството на овој компактен SUV ќе се прави во фабриката на Стелантис во Бразил, а ќе биде наменет за пазарите во Латинска Америка.
Засега, нема сигнали дека овој модел ќе се продава и во Европа, особено затоа што таму Фиат веројатно ќе се фокусира на своите нови SUV моели под името Grizzly.
Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :













