Според последната информација објавена во весникот Handelsblatt, Германскиот производител на автомобили Мercedes-Benz, се ослободи, или попрецизно кажано го продаде очигледно пропаднатиот проект за развој на мрежа на брзи полначи.

Проектот на Мерцедес уште од 2023 година, кој се покажа како преамбициозен, предвидуваше да бидат изградени околу 10.000 станици за брзо полнење на батерии во околу 2.000 локации во светот.
Истите беа замислени како одговор на мрежата на Тесла, а во времето кога се предвидуваше бум во производството и продажбата на електрични возила во светот.
Три години подоцна, од најавената мрежа, на која ќе можеа да се полнат сите автомобили, а возилата со трокраката ѕвезда ќе имаа посебни повластици, нема речиси ништо.
Отворени се само 47 DC станици за брзо полнење, од кои сега Мерцедес, се откажа, ги продаде и предаде во сопственост на Electra, која е еден од енергетските добавувачи во Франција.
Oд нив 31 се во Германија, шест во Австрија, а останатите се распоредени во Франција, Данска, Италија, Швајцарија…
Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :













