Кинескиот производител на автомобили SAIC Motor, кој е сопственик на Британскиот бренд MG реши да го лансира во сериско производство моделот Go! кој, беше објавен како концепт.

Ова спортско супер мини треба да биде еден од моделите кои ќе се произведуваат од страна на SAIC Motor во нивната прва фабрика на европско тло.
Предвидено е дека електричниот мини автомобил Go! ќе почне да се продава во 2028 година, и сосемо логично е дека како главни конкуренти ќе ги напаѓа моделите Renault 5 E-Tech и Mini Cooper Electric.

MG Go ќе биде долг околу 4 метри и се очекува да има моќност од 151 бруто коњски сили, а ќе има батерија со капацитет од 43kWh.
Проценкитевелат дека со цена ќе се движи околу 20.000 фунти, во Велика Британија, како најголем европски пазар на брендот.
Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :













