189

Неодамна ја пренесовме веста дека во Кина, за секој екран чувствителен на допир, во новопроизведените возила, ќе мора да се добие потврда од Министерството за Индустрија и информатичка технологија.

Причината за ова е утвдениот негативен импакт на големите екрани врз вниманието и фокусот на возачите на патот.

Очигледно Рено не размислува на овој начин, па во својот концепт E-Space на Саемот во Париз, го прикажа својот нов дизајнерски концепт кој треба да се следи кај идните автомобили.

А во тој контекст, и според покажаното, новите екрани во возилата од Франција ќе го содржат новиот OpenR Panorama дисплеј кој е 1,130 mm широк и 110 mm висок, и ќе се протега по целата должина на предната табла.

Притоа, интересно е дека овој “џамбо” екран нема да биде чувствителен на допир, туку ќе се оперира преку два мали независни екрани чувствителни на допир кои ќе бидат поставени под воланот.

Преку нив, возачот ќе може да ја избира и поставува содржината на инфотејнементот.

Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама