Тојота со години го гради својот пикап камионет Хајлукс, како апсолутно неуништлив автомобил, идеален за секакви екстремни услови.
За таа цел, а сакајќи да ја провери својата теза, Тојота од Велика Британија реши да ја испроба кршливоста,моќта и неуништливоста на својот електричен Хајлукс.
И не само тоа… Тојота Велика Британија им даде можност на своите фанови да гласаат на Reddit и да се изјаснат околу тоа кој би победил во еден директен (или подобро кажано покривен) судир на Хајлукс со приколка, која тежи 760 килограми и е подигната на 9 метри над покривот на Хајлукс.
Како заврши овој предизвик, можете да погледнете на следното видео:













