Еден од четири модерни автомобили има проблем со мултимедијалниот систем

230

Сите прозводители на возила, следејќи ги актуелните трендови, се повеќе ги усовршуваат и развиваат своите инфотејнмент системи.

Ако поразговарате со продавачите во авто салоните, ќе ви посведочат, дека новите клиенти,особено оние од помладата генерација, многу повеќе се интересираат за големината на екранот, можноста за поврзување со мобилните телефони, агентите на вештачката интелигенција… отколку за моторот, коњските сили, вртежниот момент…

Moдерните системи имаат една основназадача – да ни го направат животот на нас, возачите поедноставен, полсен и побезбеден.

Но, според студијата направена од реномираниот ЈD Power, истата оваа технологија и системи наменети да ни го олеснат животот, ни носат и сериозни проблеми и нервози. Според неа, во еден од четири случаи, проблемите на кои се жалат возачите се поврзани со мултимедијалните системи.

Направена е анкета на 78,514 сопственици на нови возила, кои возилото го имале 90 дена. Според анкетата, дури 42.4% од испитаниците имале некаков проблем со мултимедијалниот систем во возилото.

Истражувањето уште констатира дека ваквите податоци не значат дека мултимедијалните системи станале полоши, но значи дека нивниот квалитет стагнира.

И додека останатите системи иелектронски компоненти се развиваат и усовршуваат, мултимедијалните системи, сеуште држат четвртина (или 25%) од вкупно појавените проблеми во возилото.

ПВо автоиндустријата постоеше еден тренд на целосно елиминирање на физичките копчиња и прекинувачи, и сите функции одеа во мутимедијалниот и оперативен систем, па сега, ако нешто не функционира како што треба, клиентите веднаш го обвинуваат целиот систем.

Носталгијата и ретроманијата, а веројатно и овој факт дека мултимедијалните системи често се расипуваат, се едни од главните причини поради кои во последно време многу производители на возила во своите кабини ги враќаат физичките копчиња и прекинувачи.

Погледни ја последната епизода на темпо Магазин :

Реклама