Според последните информации, луксузиот бренд на спортски автомобили Maserati, кој е ставен на апарати за реанимација поради своите очајни продажни резултати, излез од тунелот ќе бара во Кина!
Неофицијално, бил склучен договор за соработка помеѓу Масерати (дел од Групацијата Стелантис), и кинеските компании Huawei и JAC.
Според оваа спогодна, Масерати бара помош од Кинеските компании за инженеринг на два нови електрични модели, и тоа среден до голем SUV и целосно електричен GT.

Притоа, Huawei ќе понуди помош во креирање на електричниот погон, системите за асистенција на возачот и дигиталното искуство во кабината.
ЈАC од друга страна ќе се погрижи за инжинерскиот развој и дел од производството.
Овој договор доаѓа откако Масерати, во 2025 година продаде само 7.900 автомобили, што претставува драматичен пад во споредба со претходната година кога беа продадени 11.300 примероци.
Лошите перформанси ги подгреаа шпекулациите дека челниците на Стелантис планираат да го продадат брендот и да се ослободат од овој товар околу вратот, иако официјално, првите луѓе во групацијата повеќепати ги демантираа овие гласини.
Погледнете ја последната епизода на Темпo Магазин :













