Oвој мал електричен автомобил со ретро дизајн и рачно изработени детали, е направен како придружник на супер јахтите, со кои нивните сопственици и патници ќе може да се повозат во пристанишните градчиња и селца, а се вика – Fiat 500 Spiaggina.

Зад овој проект се кријат Garage Italia и дизајнерското студио Hot Lab, кое работи на проекти во секторот на суперјахти.
Во основа автомобилот е Fiat 500 Spiaggina, како синоним за автомобилите кои се отворен кров се шетале по плажите во Италија во 50-те и 60-те години.
Оваа верзија има само 13 коњски сили со вртежен момент од 82 Nm, автономија до 140 километри и максимална брзина од 75 km/h, што уште еднаш покажува дека идејата на овој концепт не е да се натпреварува со останатите електрични автомобили по перформанси и домет, туку само треба да биде луксузен и шармантен мал автомобил кој ќе им обезбеди уживање на своите патници.

Moделот е сеуште само концепт, за кој велат од Garage Italia и Hot Lab по потреба ќе може да се произведува и испорачува.














