Германскиот бренд BMW ја лансираше својата нова, петта генерација на атрактивниот, луксузен SUV – X5!

Моделот ќе биде достапен како бензин, дизел, плаг-ин хибрид и електрична варијанта на моторот, а подоцна се очекува и верзија на хидроген.
Работното име на моделот е G65 и неговата задача е да го замени исклучително успешниот модел G05 од четвртата серија. Затоа, во BMW беше направена сериозна промена и возилото сега ја носи препознатливата дизајнерска филозофија позната под името – Neue Klasse.

Ако ја погледнеме предницата, многу елементи во неа се осветлени, вклучувајќи ги и новите тенки “бубрежиња” на предната маска, а на предните светла доминира мотивот X, што јасно покажува дека моделот припаѓа на BMW X серијата.
Предната регистерска табличка е интегрирана во предниот браник, кој има повеќе трапезоидни форми.
Тркалата се алуминиумски а нивната големина варија од 21 до 23 инчи.

Моделот X5 го има истиот дигитален кокпит како кај новте i3 и iX3. Тука е и Panoramic iDrive систем кој ги проектира податоците во долниот дел од ветробранското стакло.
Во центарот е поставен дигитален екран со големина од 17,9 инчи , а веднаш до него е сместен уште еден екран за совозачот.

Електричниот BMW iX5 60 xDrive ја има најголемата батерија сместена во продукциски модел, со номинален капацитет од 144 kWh и домет од 845 километри.
На брз полнач, батеријата се полни од 10 дo 80% за само 23 минути. Инаку моделот е погонуван од два електрични мотори, од кои оној поставен напред испорачува 249 коњски сили, а задниот 329.
Вкупната моќност е 578 коњски сили, а вртежниот момент изнесува 804 Nm, а моделот од 0-100 km/h забрзува за 4.6 секунди.














