Mercedes-Benz во текот на утрешниот ден, недела 05/07, го организира популарниот Семеен ден во Штутгарт.

Настанот се одржува пред Музејот на Mercedes во Штутгарт, а на него, без најави и без плаќање, родителите може да ги донесат своите деца и да се забавуваат со бројни забавни активности кои ги организира Мерцедес или компаниските партнери од многу различни сфери, а покрај другото може да се возат во стари, vintage ванови и камионски модели во текот на целиот ден.

Покрај забавата, посетитеите може да ги погледнат и AMG GT 4-door Coupé, новиот VLE, smart #2 show и новата S-Class.
Настаните се организирани на платото околу Музејот, во Атриумот и нивото 0.

Ако и вие сте со своето семејство во Штутгарт, ова е одлична можност да го посетите Музејот на Мерцедес.















