Американците решија дека пикап камионетот F-150 Raptor со моќност од 456 коњски сили, не е доволно моќен за нивниот Американски, робусен вкус.
Затоа го смислија моделот Ford F-150 Raptor R, со напумпани 730 коњски сили, кој ќе може да се купи и вози и на нашиот континент.
Тој ќе биде опремен со 5.2-литарски V8 бензински мотор. Моторниот блок е истиот оној од Ford Mustang GTD, а моќноста му е 730 коњски сили со вртежен момент од 867 Nm.

Потрошувачката на бензин, барем онаа, декларираната ќе биде масивни 19.8 l/100 km.
А трошокот за гориво, веројатно нема да биде голем проблем за сопствениците на овој ѕвер на тркала, ако се земе предвид дека стартната цена на моделот ќе биде околу 159.000 евра во Германија.














