Малата компанија од Модена, Pagani, повторно излезе од својата комфор зона и наместо автомобили дизајнираше, луксузен ентериер на специјална персонализирана серија на приватни авиони.

Pagani не учествува во производството на авиони и летала, како што тоа го прави Honda, на пример, но има учествувано во персонализација на повеќе приватни авиони, хеликоптери и транспортни авиони преку својата двизија Pagani Arte, специјализирана токму во персонализација (односно прилагодување на ентериерот според специјалните барања и потреби на клиентите).

Овој дел од нивната работа во моментов се претставува на Саемот во Сао Паоло.
Веројатно најзначајниот проект на Пагани во авио индустријата е проектот со Airbus во 2017 година кога беше креиран ACJ319neo Infinito, VIP верзија на корпоративниот авион – Airbus Corporate Jet.







