Што знаеме за новиот Mercedes-AMG GT 4-Door Coupé

682

Во претходниот пост пишувавме за спектакуларната промоција на новиот ултра спортски Mercedes-AMG GT 4-Door Coupé, која се одржа во Лос Анџелес.

А што, дефакто, знаеме за новиот спортски ѕвер од фабриката на Мерцедес?

Новиот Mercedes‑AMG GT 4‑Door Coupé е вистинско ремек дело на модерниот германски инжинеринг.

Со нов револуционерен погон : За прв пат во сериски произведено возило на струја, се користат таканаречените аксиално-флуксни мотори. Mercedes‑AMG GT 4‑Door Coupé користи три од овие високоиновативни електрични мотори, два на задната оска и еден на предната. Заедно истите испорачуваат моќност од 860 kW (1,169 коњски сили).

Импресивни перфрманси: Од 0 до 100 km/h овој моќен AMG спринтира за само 2,1 секунди, додека од 0 to 200 km/h се пристигнува за 6,4 секунди .Максималната брзина изнесува 300 km/h.

Импресивно време за полнење на батеријата : Новиот Mercedes‑AMG GT 4‑Door Coupé, благодарение на својот капацитет на полнење од 600 kW, за само 10 минути може да се наполни оволно за да обезбеди домет до 460 километри.

За типичниот циклус на полнење – од 10 дo 80 % State of Charge (SoC), се потребни само 11 минути.

Програмирано V8 уживање. Праксата и анкетите покажуваат дека оние кои ги сакаат V8 моторите, едноставно не можат да се навикнат на новиот звук на елекричните автомобили. Затоа, тие ќе можат во модот AMGFORCE S+ да добијат имитација, верна на оригиналот на звукот кој го прави AMG V8 моторот, а сето тоа е споено и со симулација на доживувањето кое го прави тракцијата на V8 моторите при менување брзини.

Професионална возна динамика : Со AMG RACE ENGINEER, амбициозните возачи може да ја скројат динамиката на своето Mercedes‑AMG GT 4‑Door Coupé согласно нивниот стил на возење. Како резултат на паметно поврзаните хардвер и софтвер, одговорот на педалата за гас и сопирачките, влегувањето и држењето во свијоци може да се контролира исклучително прецизно.

Импресивна моќ : До 860 kW

Новите аксијални флукс мотори се направени од Британската компанија, специјалист за електрични мотори YASA, која е во целосна сопственост на Mercedes‑Benz AG од Јули 2021.

Споредено со другите мотори, овие испорачуваат континуирано моќ при повисок вртежен момент

Високо волтажната батерија на новиот Mercedes‑AMG GT 4‑Door Coupé ги комбинира искуството од Mercedes‑AMG ONE hypercar, бескомпромисната филозофија за перформансите од Formula 1 и длабокото техничко знаење и експертиза на врвните инжинери на AMG. Батеријата е направена да обезбеди во иднина автономија и над 700 километри.

Батериските ќелии, ги има на број 2.660, паметно и директно се ладени со помош на високотехнолошка разладна течност, базирана на електрично не-спроводливо масло кое тече околу сеоја индивидуална цилиндрича ќелија со што ја одржува идеалната температура во нив.

Шасијата на AMG GT 4-Door Coupé е базиран на мулти-линковски дизајн на предната и задната осовина.

Зависно од брзината, задните тркала се вртат во истата или во спротивната насока од онаа во која се вртат предните тркала. Ова овозможува агилно и стабилно држење на патот. Во срцевината на овој систем е централниот електромеханички актуатор науправувањето (електричен мотор) кој нема механичка конекција со воланот.

До брзина од 80 km/h, задните тркала се вртат во спротивна насока од предните. Ова корспондира со виртуелното скратување на меѓуосовинското растојание. Со тоа Mercedes‑AMG GT 4‑Door Coupé врти во свијоците многу поагилно, бара помалку напор на вртење и го зголемува задоволството во возењето.

Како дополнителен бенефит е и полесното маневрирање и скратен радиус на вртење што е особено згодно при врењетоили паркирањто.

Ако пак, купето вози побрзо од 80 km/h,системот ги управува задните тркала во истата насока како и предните, што кореспондира со виртуелно издолжување на меѓуоскиното растојание, што пак ја подобрува стабилноста во возењето.

Активното управување на задната оска го подобруване само влегувањето во свијоци, туку и му помага на возачот при нагли маневри, со што се зголемува активната безбедност.

Новиот Mercedes‑AMG GT 4‑Door Coupé а испорачува моќноста на патот преку AMG Performance 4MATIC+ all-wheel-drive системот. Ова нуди одлична безбедност во возењето, но и врвно искуствои забава при управувањето на возило од овој тип.

Новиот Mercedes‑AMG GT 4‑Door Coupé има и хидроуличен композитен систем за сопирање со високи перформанси. Тој гикомбинира карбон-керамичките сопирачки на предната оска со челични сопирачки на задната оска.

Ако го искоментираме дизајнот, тука нема дилеми. Еден поглед на силуетата на новиот Mercedes‑AMG GT 4‑Door Coupé јасно им дава до знаење на сите дека се работи за автомобил со врвни перформанси. Тој има динамичен, фастбек дизајн, со долга, ниско поставена предна хауба и изразен заден дифузер, што повторно сведочи за неговиот спортски карактер.

Предната AMG маска со своите ертикални елементи, за рв пат се нуди и осветлена, а таков е и големиот знак на Мерцедес на предната хауба, како и предните светла со дневни светла во ко се гледаат мотиви од логото на трокраката ѕвезда.

Гледано странично, атетскиот дизајнерски јазик продолжуба од ниско поставениот преден дел од каде излегуваат силно скулптурирани крила.

Надворешните ретровизори се монтирани директно на вратите, а големите тркала и долго меѓуоскино растојание ги потенцираат спортскитепропорции.

Задницата е супер атрактивна со атлетски линии и шест циркуларни задни светла со графика на ѕвезда кои на Mercedes‑AMG GT 4‑Door Coupé му даваат идентитет кој лесно се препознава.

Портфолиото на алуминиумските тркала почнува од 19- до 21-инчни тркала со оптимизиран дизајн.

Во ентериерот на Mercedes‑AMG GT 4‑Door Coupé се се врти околу возното искуство. Позицијатана седење е поставена ниско, типичо спортски.

Контролите се интуитивни, а сите витални функции се поставени во видното поле.

Кокпитот, поставен околу возачот, како веднаш да ве кани да седнете зад воланот. Инструмент панелот е дефиниран од широк, визуелно поврзан дисплеј составен од 10,2 инчен инструмент кластер и 14 инчен мултимедијален монитор кои се спојуваат во еден споен стаклен дизајн.

14.0-инчниот мултимедијален монитор е ергономски свртен кон возачот, а достапен е уште еден дисплејза совозачот со истите димензии.

На левата и десна страна се поставени кружни, големи издуви на воздух.

Уникатно дизанираната централна конзола носи естетика и фунционалност. Во централниот дел се истакнуваат три динамички вртливи контролери, познати под името – AMG RACE ENGINEER Control Unit, кои нудат пристап до одговорот на командите, тракцијата, пролизгувањето, и влеувањето во свијоци.

Задниот дел исто така нуди одлично и комфорно седење за одлично чувство при долги патувања за двајца патници. Во подот се поставени и две позиции, симболично наречени гаражи за нозе, со кои се додава повеќе простор за нозете и колената.

Дополнителна атракција е и “SKY CONTROL” панорамскиот сончев кров кој е едноделен и може да се трансформира од проѕирен во непровиден.

За да се постигне тоа, панорамскиот кров е поделен во повеќе индивидуални активирачки сегменти. Со тоа, патниците можесами да изберат колку свелина сакаат и преферираат во возилото.

Во срцевината на автомобилот актвно работи новиот и интелигентен оперативен систем, Mercedes‑Benz Operating System (MB.OS). Тој нуди длабокоинтегриран софтвер во архитектурата на автомобилот и ги контролира сите единици и функции.

Новата генерација на MBUX во Mercedes‑AMG GT 4‑Door Coupé ја интегрира и вештачката интелигенција од ChatGPT, Microsoft Bing и Google Gemini. Комбинирајќи повеќе AI aгенти во еден систем, MBUX нуди револуционерни решенија за тоа како патниците комуницираат со возилото. Таков е на пример MBUX Virtual Assistant, кој прави комплексни, мули чекорни конверзации исто како да зборувате со пријател, а не со вештачка интелигенција.

Производството на Mercedes‑AMG GT 4‑Door Coupé ќе почне ова лето, 2026 во фабриката на Mercedes‑Benz во Синделфинген.

Реклама