Спектакуларна премиера на Mercedes-AMG GT 4-Door Coupé

297

Германскиот производител Мерцедес Бенц, направи спектакуларна премиера на својот нов супер спортски Mercedes-AMG GT 4-Door Coupé во Лос Анџелес.

Премиерата се одржа на мостот 6th Street Bridge во Лос Анџелес пред околу 600 VIP гости, а сцената беше трансформирана во еден голем, импровизиран автопат.

Во импресивниот амбиент под контурите и облакодерите на Градот на светлината, со атрактивна светлосна кореографија, беше откриена наметката на новиот GT 4-Door Coupé.

По откривањето на новата спортска сензација,на сцената се појавија, ни помалку ни повеќе, легендарнот Бред Пит, кој е бренд амбасадор на Mercedes и возачот во Формула 1, Џорџ Расел.

Спектаклот го збогатија и бендот Blink-182, со настап полн со енергија.

Светската премиера ја долови суштината на новиот Mercedes‑AMG GT 4‑Door Coupé: врвни перформанси, V8 искуство на автомобилот кој е “Autobahn approved” – одобрен за возење на автопат.

“Нашиот нов Mercedes‑AMG GT 4‑Door Coupé заслужува пат без граници. Затоа, за неговата светска премиера, го носиме Автопатот во Лос Анџелес, давајќи му можност на автомобилот да ја покаже својата импресивна моќност и врвна издржливост на светот. ” – изјави Микаел Шибе, член на врвното раководство на Mercedes-Benz Group AG.

Production, Quality and Supply Chain Management, and Chairman of the Board of Management of Mercedes-AMG GmbH.

Новиот спортски автомобил е базиран на ексклузивната AMG Електрична Архитектура (AMG.EA).

Со три иновативни аксиални мотори и директно ладени батериски ќелии кои нудат ново ниво на перформанси,веќе демонстрирани на спектакуларното рекордно возење на CONCEPT AMG GT XX во Нарду.

Реклама