Нов Кинески гигант, ја “мерка” Европа

118

На повеќето жители на нашиот, Европски континент, името Hongqi не им значи ништо.

Но во земјата во која оваа компанија е основана и работи, а тоа е, секако Кина, името Hongqi има огромно значење.

Hongqi е најстариот бренд кој бил основан во далечната 1958 година, и кој е денес во сопственост на државната FAW group (која ја поседува и компанијата Leapmotor).

Низ историјата била главно специјализирана да прави лумузини, во кои традиционално се возеле големите Кинески лидери, меѓу кои и легендарниот Мао Це Тунг.

Според меѓународни извори Hongqi, со посредство токму на Leapmotor e во сериозни преговори со Стелантис Групацијата, да го започне производството на своите автомобили во Европа, во фабриката на Стелантис во Шпанија.

Со тоа, како што се посериозно оваа стратегија ја бираат и другите Кинески производители, би се избегнале високите царини наметнати од ЕУ и секако, би се овозможил полесен пристао до европскиот автомобилски пазар.

Според информациите Hongqi цели производство од околу 1 милион автомобили годишно.

Реклама