Ако сте сериозен фан на авто индустријата, притоа го сакате Јапонскиот производител на автомобили Тоyota, сега имате можност вашата канцеларија да ја опремите со Toyota столчe што чини 3.500 долари.
Конструкцијата на столот е искористена од моделот Crown, а за да не биде само автомобилска фотеља, насадена на тркалца, се погрижи Јапонската фирма за мебел Itoki.
Заедно со Toyota Boshoku која го работи ентериерот на Toyota, тие ги прилагодија механизмите за подесување на висината на столот, основата и потпирачите за раце.
Овој стол ќе биде произведен во само 70 примероци, по цена од околу 3.500 долари.








