Mинатата недела Кинеската компанија Lynk&Co ги објави првите тизер фотографии за својот нов најавуван GT модел.

На Саемот за автомобил во Шангај, тизерот веќе станува реалност, и ги имаме официјалните фотографии од новиот GT со кој Шпанскиот “Кинез” сака да му парира на Порше 911 или на Mercedes-AMG GT, а ако повнимателно го погледнете може да забележите и сериозна сличност со Ferrari Amalfi.

Koмпанијата, која инаку му припаѓа на Кинескиот гигант во авто индустријата Geely, а кој пак има сериозно сопственичко учество во Volvo и Polestar, официјално го претстави концептот “Time to Shine” GT кој има сериозен спортск дизајн и одличен изглед.
Концептот е долг 4,780 mm и има целосно електричен сетап.

Oна што особено беше зборувано околу концептот, тоа е неговата можност да се издолжува. Со притискање на копче на централната конзола, задните крила се подигнуваат, предниот и заден браник се истегнуваат и му даваат на концептот дополнителни 100 мм во должина.

Во ентериерот, кабината е 2+2, што значи дека во него може да се сместат две возрасни лица и евентуално две деца на задната клупа или можеби некаков мобилен багаж.

Предниот дел во кабината е апсолутно футуристички скроен.

Зад воланот се спарени два екрани во инструмент кластерот, а централно сепоставени уште три екрани.

Со електичниот сетап, погонот на задните тркала, од Lynk&Co велат дека овој автомобил од 0 до 100 km/h ќе забрзува за 2 секунди!

Засега концептот “Time to Shine” GT е само концепт, но како што велат во Lynk&Co ако клиентите се изјаснат позтивно и сакаат да имаат ваков автомобил во нашата понуда… зошто да не?








