Hyundai го претстави Ioniq V

143

На Саемот за автомобили кој е во полн ек и овие денови жестоко ја бомбардира светската автомобилска јавност со вести, новини и промоции, Корејскиот бренд Hyundai горетстави својот нов модел на струја Ioniq V.

Mоделот е фокусиран на Кинескиот пазар, а произлегува од Venus Concept, кој станува реалност само неколку месеци по своето лансирање.

Кога ќе го погледнете “на прва” не можете да н забележите дека дизајнот на Hyundai претставува некаков тотален микс на повеќе актуелни модели, како на пример Prius, па дури и на Cybertruck на Tesla, поради исфрлениот нос на предницата, а во линијата дури потсетува и на Lamborghini Temerario.

Злобните јазици, веќе почнаа да го нарекуваат Temurario (Temerario од Теmu).

Новиот Ioniq V е долг 4,900 mm , широк 1,890 mm, и има меѓуоскино растојание од 2,900 mm. Сите овие параметри треба да обезбедат сериозен комфор за патниците.

А во ентериерот доминира 27 инчниот 4К екран кој треба да обезбеди максимална конективност и забава.

Потврдено е 800 волтно полнење, и домет од 600 километри (според Кинескиот CLTC тест).

Како и да е, Ioniq V е само почеток на концепцијата на Hyundai со која се планира во следните неколку години да е лансираат повеќе од 20 нови модели, наменети за Кинескиот пазар, и притоа се таргетира производтво и продажба на околу 500.000 автомобили.

Како изгледа Ioniq V, можете да видите во следното видео.

Реклама