Кинеска технологија за електричните возила на Opel и Alfa Romeo?

445

Според последните информации споделени од Ројтерс, кон крајот на минатата година челниците на Stellantis Групацијата и Leapmotor (во кој Stellantis има сопственички уддел од 20%) преговараат за користење на технологијата на Кинескиот бренд во некои европски модели.

Дополнително, се вели дека Стелантис размислува да обезбеди заеднички развој со Leapmotor на новиот EV на Opel, а не е исклучено истото и за помалите модели на струја на Alfa Romeo.

Ваквиот предлог за соработка со Кинеската компанија веројатно произлегува од катастрофалниот резултат на Стелантис во 2025 година, кога Групацијата мораше да отпише околу 25 милијарди долари поради лошо димензионираната динамика на развој на електричните автомобили.

Се претпоставува дека новиот Opel ќе ја носи истата aрхитектура како Leapmotor B10, а Кинескиот бренд ќе ги обезбеди клучните електронски компоненти и системи.

Притоа комплетната технологија за новиот SUV на Opel би се развивала во Кина, а во Opel главно би се фокусирале на надворешниот изглед.

И подоцна, се очекува новиот автомобил да се произведува во фабриката на Stellantis во Сарагоса, Шпанија, која веќе и беше отстапена на Leapmotor за локално, европско производство на Leapmotor B10.

Се шпекулира дека новиот SUV на Опел ќе почне да се произведува во 2028 година, со капацитет од околу 50.000 примероци годишно.

Сосема е можно, оваа соработка да се пресели и на производството на други мали автомобили на електрична енергија во палетата на Стелантис, а најмногу се шпекулира дека Кинеската технологија може да ја користат и одреденимодели на Alfa Romeo, кои може да се произведуваат во Сарагоса.

Реклама