Kaко помина Mercedes во првиот квартал од 2026?

431

Mercedes-Benz ги објави своите продажни бројки за првиот квартал од 2026 година и од нив не можат да бидат многу задоволни.

Вкупната бројка на продадени возила на комплетната Mercedes-Benz Group во Q1 изнесува 499,700 возила, што претставува пад од 6% во споредба со истиот период минатата година.

Само патнички Mercedes-Benz возила, биле продадени 419,400 eдиници (идентичен пад од 6%).

Mercedes-Benz GLS, 2019, AMG Line,

За падот на вкупната продажба најголем дел од одговорноста носи пазарот во Азија каде бележиме пад од 23%, нaјголем во Кина, каде се продадени 111.600 возила (пад од 27%).

Интересно е да се истакне дека во првиот квартал бележиме и пораст на електричните возила на батерии (BEV) од 50.400 единици (11%) споредено со минатата година.

Светла точка останува Европа, каде се продадени 158,400 возила (пораст од 7%) и домашниот пазар, Германија со 49.300 примероци (пораст од 9%).

Реклама