BMW iX3 избран за Светски Автомобил на годината 2026

265

Во изборот организиран од World Car Awards во чие жири членуваат 98 истакнати новинари од авто индустријата, автомобилот BMW iX3 50 xDrive од “Новата Класа” е избран за Автомобил на годината.

Покрај титулата “World Car of the Year” – или Светски автомобил на годината, iX3 ја освои и титулата 2026 “World Electric Vehicle” или најдобро електрично возило за 2026 година.

На кандидатите од најтесната листа на изборот, се правени обемни тест возења, по што жирито не го криеше своето задоволство од возењето на Новата Класа.

SUV moделот BMW iX3 за прв пат беше покажан на Саемот за автомобили во Минхен, минатата година и веднаш предизвика сериозно внимание во јавноста, покрај другото, и со големата автономија од 805 километри со полна батерија.

Реклама