BMW внесува роботи во својата фабрика во Европа

157

BMW Групацијата ги носи поблиску до Европа, дигитализацијата, користењето на вештачката интелигенција во процесот на производство и научната фантастика.

Во оваа своја офанзифа луѓето од BMW го користат клучниот елемент наречен “Physical AI”, кој ги комбинира вештачката интелегенција со вистински машини и роботи.

Како резултат на оваа нова технолошка револуција, на Баварските производни ленти, рамо до рамо со работниците, започнаа да стојат хуманоидни роботи.

За прв пат во својата историја, BMW Групацијата го носи Physical AI во Европа и како пилот проект во својата фабрика во Лајпциг ги стави во функција хуманоидните роботи кои треба да се вклучат во сериското производство на возила, а подоцна можеби и во производството на батерии и компоненти.

Во врска со овој нов проект,  Милан Неделјковиќ, Член на бордот на Директори во BMW, изјави – дигитализацијата ја подобрува конкурентноста на нашето производство – овде во Европа и во светот. А симбиозата на инженерската експертиза и вештачката интелигенција отвара сосема нови можности за нас во процесот напроизводство.

Минатата година BMW Group успешно импементираше пилот проект со хуманоидни роботи во својата фабрика во САД.

Реклама