Германската компанија од Риселсхајм, Опел, која функционира во рамки на глобалната авто групација Стелантис им ја претстави на своите фанови новата, целосно електрична , спортска, Опел Мокка GSE.

Автомобил со кој претставниците на Опел велат дека рели возбудите ги носат на обичниот градски асфалт.
Новата сериска и целосно електрична Мока GSE има максимална моќност од 207 kW (281 кс) со вртежен момент од 346 Нм.

Од 0 до 100 km/h новата Мока забрзува за 5,9 секунди, а максималната брзина на овој урбан SUV изнесува 200 km/h, што ја прави најбрзиот целосно електричен сериски автомобил на Опел.

Возачите на Мока, имаат можност при возењето да изберат три модови на возење. Тоа се модовите Спорт, Нормал или Еко, кои во согласност со нивните имиња имаат задача да прилагодат повеќе елементи во автомобилот и а испорачаат максилани перформанси, или да обезбедат еколошки и ефикасен, односно штедлив сетап на автомобилот.
Својата енергија Mokka GSE ја складира во литиум јонска батерија од 54 kWh.
Бруто масата на автомобилот изнесува помалку од 1,6 тони што е навистина реткост кај елекрични автомобили со батерија.

Оваа Мока има и диференцијал со ограничено пролизгување, шасија со специјално дизајнирани осовини и нови хидроулични амортизери.
Системот за управување, шасијатаи сопирачките се дизајнирани за да испорачаат спортски перформанси, а сите системи го користат искуството на Опел во еектричното рели натпреварување.
Моделот има оптимизирани 20 инчни алуминиумски тркала, комбинирани со гумите на Мишелин, Спорт ЕВ.
Во ентериерот, возачот и совозачот седат на специјални Alcantara GSE Performance седишта со интегриран наслон за главата.

Воланот делува спортски со израмнети линии горе и долу, а за спортското доживување дополнително се грижат и алуминиумските педали за гас и сопирање.
Возачот може да ги добие сите неопходни нформации на 10 инчниот дигитален дисплеј кој може да се прилагоди на желбите на возачот, а тука е и централниот дисплеј чувствителен на допир со вградена навигација во него.
Во моделот се вградени повеќе напредни системи за безбедност, како што се , Intelli-Lux Matrix предните светла, автоматскиот асистент за прилагодување на брзината, асистент за одржување на возилото во коловозната лента и задната камера што покрива 180 степени.

Тука се и греењето на седишттата и воланот, а паметните телефони можат да се полнат безжично. Цената на најбрзиот сериски електричен автомобил на Опел почнува од 47.300 евра.














