Оваа Toyota чини 10.000 евра!

58

Овој едноставен и пред се’ практичен караван на Toyota, кој го носи името Probox во најновото освежување во 2026 година може да го имате за само 10.500 евра… но… само ако живеете во Јапонија!

Караванот за прв пат и е претставен на јавноста во 2002 година, освежувањето и сеуште актуелната генерација на Probox беше воведена во 2014 година, а следната се очекува стартот и на третата генерација на овој караван.

Каросеријата во целиот период, од лансирањето до денес, има претрпено минимални корекции, а во новата генерација најголема новина е Toyota Safety Sense пакетот, во кој се вклучени и Pre-Crash систем кој помага во случај на опасност од сообраќајна незгода, асистент при управување и сопирање, како и систем за помош и сопирање при паркирање – Parking Support Brake.

Eнтериерот е спартански, вграден е само 4,2 инчен аналоген информативен дисплеј, а наместо модерниот инфотејнмент екран чувствителен на допир, на предната маска е поставена пластична табла.

Овој модел ги користи платформата на постарите модели на Toyota Corolla, a моторот е 1.5 литарски бензинец со 107 коњски сили, а може да се избере и погон на сите тркала.

Како караван, овој автомобил нуди и одличен простор за товарање и багаж.

Цената во следната година, на новиот Probox ќе почнува од 10.500 евра.

Реклама