Фрапантни податоци, еквивалентни на вистинска катаклизма во градот, сподели Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за резултатот од првите 12 часа по активирањето на системот „Безбеден град“!
Според известувањето, за само половина деноноќие, или 12 часа од активација на системот, биле регистрирани над 65.000 прекршоци.

Под претпоставка дека просечната казна за сообраќен прекршок изнесува околу 50 евра, за само 12 часа, регистрираните казни, би ги чинеле граѓаните над 3,2 милиони евра!
Во првите месец дена ќе трае пробниот период во кој сторителите на сообраќајни прекршоци ќе добиваат известување за сторениот прекршок. Во првата фаза системот ќе регистрира: брзо возење, минување на црвено светло, истечена важност на сообраќајна дозвола и непрописно паркирање. Во следната фаза е предвидено проширување на спектарот на прекршоци.
Кога системот ќе биде во целосно пуштен во употреба сопствениците на возилата за кои е утврден прекршок ќе добиваат СМС порака и е-пошта со линк за преземање записник со платен налог. Прекршоците ќе можат да се платат електронски, а при навремено плаќање нема да се наплаќаат дополнителни трошоци. За одредени прекршоци за кои е пропишана и мерка забрана за управување со возило, МВР ќе поднесува барање за поведување постапка до надлежен суд.

Во првите 12 часа од пробното функционирање на системот беа регистрирани неверојатни 65.000 прекршоци од кои за поминување на црвено светло 2800 и нерегистриран автомобил 1000.
„Со стартот на овој систем испраќаме јасна порака – безбедноста на граѓаните е врвен приоритет. Нема толеранција за несовесно возење, без разлика дали е во градска зона или на отворен пат. ‘Безбеден град’ е проект кој штити животи и ја враќа дисциплината во сообраќајот,“ истакна министерот Тошковски.
МВР ќе продолжи со тестирањето и унапредувањето на системот, со цел негово целосно функционирање во наредната фаза.







