Продажбата на електрични возила во светот – во силен раст

146

И покрај големите проблеми кои го следат развојот на електричните автомобили, како што се слабите мрежи за полнење, ограничениот ранг на километри што може да се поминат со полна батерија, скапите батерии, недостатокот на суровини… статистичките податоци сепак сведочат за огромниот прогрес на новата технологија.

Во првиот квартал од 2025 година, секој четврти автомобил продаден во светот бил целосно на струја или plug-in хибрид.

Ова го констатира консултантската куќа – PWC, во својата последна студија.

Огромен пораст на проажбата на електрични возила

Особено е голем растот на чисто електрични возила, кои во светот се продадени во бројка од 2,7 милиона примероци, што е пораст од 42% споредено со истиот период минатата година.

Од вкупните 16,7 милиони автомобили продадени во светот, на плаг ин хибрии отпаѓа бројка од 1,4 милиони возила.

Најголем дел од продадените електрични возила отпаѓат на Кина, каде се продале вкупно 1,6 милиони автомобили на струја, што е пак, за 55% подобро од истиот период во 2024 година.

Реклама