1.000.000 Примероци за ова Porsche

70

Porsche започна да го произведува својот компактен SUV пред 12 години, а минатата недела успеа да го произведе милионитиот примерок Macan 4 Electric во светло сината боја “Frozen Blue Metallic”.

Ова е одличен успех за Германскиот бренд, ако се земе предвид фактот дека на моделот 911, му требаа дури 54 години за да стигне до првиот милион, а Cayenne до магичната бројка стигна за 18 години.

Porsche компактниот SUV сеуште го произведува и продава со мотор со внатрешно согорување во Соединетите Американски Држави, но веќе е најавено дека бензинците наскоро ќе бидат исфрлени од производство и ќе бидат заменети со електрични.

Инаку, електричниот Macan веќе претставува околу 60% од вкупното производство, за што веројатно сериозно влијае и фактот дека на европскиот пазар, повеќе не се продава бензинскиот модел.

Реклама