Ferrari поставува нови стандарди во општествената одговорност

66

Италијанскиот креатор на ултра атрактивни, спортски автомобили и покажа на јавноста и на своите фанови што значи да бидеш општествено одговорна компанија.

Во соработка со својот медициснки партнер Med-Ex, Ферари во своето седиште во Маранело, отвори ултра модерен дијагностички центар за превенција на карциномни заболувања.

Ферари потпиша договор со локалните власти, според кој во следните три години на вработените и на жителите од градовите Маранело, Формиџине и Фиорано ќе им бидат понудени околу 8.300 дијагностички прегледи.

На презентацијата беше присутен и претставник од Филипс, чија ултра модерна опрема ќе се користи во овој дијагностички центар замислен како епидемиолошки хаб во кој покрај прегледите ќе се вкрстуваат и анализираат и резултати и вршат испитувања.

Локалните власти ја поздравија оваа иницијатива, во која компанијата Ферари, со комплетно свои средства и инвестиции, реши да обезбеди ваков центар, не само за сопствените вработени, туку и за жителите од целиот регион.

Други содржини :

Реклама