На специјалната серија на Модерни Класици, моделите Speed 400 и Scrambler 400 X, како сосема нови моторцикли, се придружија во минатата 2024 година и застанаа рамо до рамо со легендарните Триумф Speed Twin 900 и 1200.

Дизајнирани се во Хинкли, Велика Британија, со огромно внимание на секој детал во дизајнот и изработката.
Основниот фокус на овие два релативно нови моторцикли е да и се понуди на јавноста и на фановите, особено на оние кои за прв пат се качуваат на две тркала, моторцикли со врвна традиција и реноме и одлична финансиска достапност, бидејќи мотрциклите Speed 400 и Scrambler 400 X почнуваат, барем на европскиот пазар со цена од околу 5.500 евра.

Во поглед на дизајнот овие два моторцикли, гордо ја носат со себе, препознатливата днк на брендот Триумф.
Препознатливи класични силуети на Triumph Roadster и Scrambler, скулптурирани резервоари за гориво, препознатливиот издув свртен нагоре.
Speed 400 се изработени во двобојна шема, со препознатлив дизајн и графика на резервоарот, комбинирана со некоја од боите Carnival Црвена, Caspian Сина и Phantom Црна

Scrambler 400 X главно се разликува од својот брат, по својот all road дух, кој во поглед на дизајнот главно се огледа во заштитата на предното светло, ладилникот и подолгиот штитник од кал за предното тркало. А во спецификациите Scrambler има и поголемо меѓуоскино растојание и тркала од 19 инчи, за разлика од моделот 400 Speed со 17 инчи.

И кај Skrambler 400 x постојaт неколку комобинации на бои, а на резервоарот е поставена препознатливата лента во сива боја на која е centralno сместено триаголното лого на Триумф.

Во поглед на моторите, употребен е новиот бензински мотор со зафатнина од 398 кубни сантиметри, со водено ладење и еден цилиндар со четири вентили.
Менувачот има 6 брзини и нуди прецизно менување на брзините.
Моќноста на моторот изнесува 39,5 бруто коњски сили, со вртежен момент од 37.5 Nm

За технологијата и менаџмент на моторот се грижи системот на Бош, кој нуди и двојно каналски АBS систем за сопирање кој може да се деактивира кај скремблер ако возите off road.
Инструментите се чисти со дуален формат и голем аналоген мерач на брзината, како и ЛЦД екран што вклучува дигитален тахометар, ранг на горивото, покажувач на брзините кои се јасно видливи при сите светлосни услови.

Светлата имаат јасна ЛЕД технологија која нуди одлично осветлување на патот.
Се разбира, од 398-те кубни сантиметри, не можете да очекувате спортски и високи брзини, но за меко крузирање низ градскиот асфалт, и уживање во возењето и ветерот овие 2 моторцикли се одлично решение.

Ако ги собереме сите овие детали, ако ја додадеме и двогодишната гаранција без ограничување и фантастичната цена, која кај нас, за жал, е најмалку 20% повисока од онаа во европските престолнини, овие два нови моторцикли на Триумф се навистина совршен избор за сите фанови кои сакаат да влезат во светот на две тркала.







