Aston Martin во “космосот” на Star Wars

43

Британската легенда Астон Мартин, на која баш и не оди најдобро во светот на бизнисот, по исконската врска со Британскиот таен агент Џемс Бонд, влезе во космосот и на култните Војна на Ѕвездите на Лукас.

Брендот се здружува со Star Wars, во годината кога филмската франшиза слави 50 години од своето постоење, а тоа е следната 2027.

Во следната година Aston Martin прави интересно партнерство со Disney и Lucasfilm, и иако сеуште нема детали околу тоа што ќе значи оваа соработка, фановите на британските автомобили, а и оние кои се маѓепсани од магијата на меѓуѕвездените патувања и војни, со особено внимание и нетрпение ја следат оваа објава и следните чекори на фантастичното трио.

Реклама