Промовиран новиот АUDI Q3

269

Брендот со четири прстени од Инголштад, АУДИ, има навистина возбудливо, бурно лето. Најпрво ја претстави својата луксузна AUDI A6 лимузина од премиум C сегментот, а сега на ред дојде и SUV автомобилот од компактната премиум класа – нoвиот AUDI Q3.

Ако се земе предвид дека овој модел постои на европскиот и светски пазар повеќе од 10 години, и во своето постоење се продаде во над два милиони примероци, јасно е дека значењето на овој автомобил во портфолиото на АУДИ е исклучително големо.

Тоа го потврди и извршниот директор на AUDI, Жерно Долнер, кој за време на светската промоција на Q3 изјави :

– Со третата генерација на Audi Q3, правиме обновување на значаен член од семејството на автомобили во нашата гама. Ова е дел од нашата иницијатива за освежување на производите и засилување на нашето портфолио со моќни плаг-ин хибриди и ефикасни мотори со внатрешно согорување. Новиот модел ги комбинира ефикасноста, возната динамика и комфорот.

Што знаеме за новиот АУДИ Q3

Во поглед на дизајнот, третата генерација на компактниот SUV изгледа помускулесто од претходникот.

Се чини дека клучните дизајнерски линии се влечени со цел да се добие на максималната аеродинамичност на возилото, што е и постигнато ако се земе предвид коефициентот на влечење од само 0,3.

Во предниот дел доминира едноделната рамка која е поставена повисоко, и која ги поврзува предните лед светла кои одлично се вклопуваат во аеродинамичниот дизајн.

Ако Q3 се погледне странично ќе се забележи мускулеста линија која ги поврзува предните и задните светла на автомобилот, мал скулпторски потег со кој е постигнат одличен светлосен ефект.

Конкретно, над мускулестата линија над рачките на вратите  телото на автомобилот ја привлекува светлината, додека делот под страничната линија паѓа во сенка.

Во задниот дел повторно имаме чист дизајн.

Под двете задни светла се протега една тенка светлосна линија по целата должина на задницата, и под која повторно импресионира чистината на дизајнот.

Она што е интересно е дека освен одличната аеродинамичност, кај новиот Q3 многу е внимавано и работено и на акустичната изолација. Поради тоа, кај овој модел, за прв пат на предните странични прозори е аплицирана и специјална акустична глазура, карактеристична за возилата од повисоката класа.

Нови светла за совршено осветлување на патот

И кај предните светла, се користи технологија која обично се вградува во автомобилите од повисоките класи.

Конкретно, употребени се Matrix LED светлата, а токму Q3 е избран за прв пат да ги користи микро лед модулите. Во предните светла кои се само 13 милиметри широки, се користат 25.600 микро – лед сијалички, при што секоја сијаличка е голема само 40 микрометри, што е од прилика, еквивалентно на димензијата на половина човечко влакно од косата .

Малите димензии на овие лед сијалички помагаат многу подобро да се осветлува патот, особено во лоши услови на возење.

Дигиталните Matrix LED светла се директно поврзани со сензорите и со системите за помош на возачот и тие континуирано го прилагодуваат снопот светлина на условите на патот.  

Светлината се прилагодува при влегување во свијоци, светлосниот сноп се соборува кога од другата насока доаѓа друго возило, со цел да ја намали опасноста од заслепување на другите учесници во сообраќајот, се активираат специјални насочувања на светлината за секоја специјална ситуација.

Со тоа, возачите добиваат беспрекорно осветлување на патот во секоја можна ситуација.

За прв пат, кај овој модел, возачите може да изберат дали сакаат да ги исклучат функциите на ЛЕД МАТРИКС светлата, како и евентуално самите да изберат мод на осветлување.

Атрактивен и модерен ентериер

Ако го погледнеме ентериерот, можеме да забележиме доста промени во споредба со претходниот модел.

Во автомобилот по целата должина на интрумент таблата, од врата до врата, се протега потегот наречен Softwrap.

Панорамскиот дисплеј почнува со инструмент кластер со големина од од 11,9 инчи во кој возачот ги гледа сите најзначајни функции на автомобилот.

Потегот продолжува со инфотејнмент дисплеј чувствителен на допир од 12,8 инчи.

Дисплејот е заоблен, што му давана возачот чувство како да е во кокпит, кабина во која сите работи се концентрирани околу него.

Возилото има хед ап дисплеј во кој се проектираат најважните информации на предното стакло во видикот на возачот.

Инфотејнмент системот е базиран на Android Automotive Oперативниот систем, а за симнување на апликации не ви е потребен паметен телефон. Тоа може да е прави директно, преку нфотејнмент системот.

Достапен е и Ауди Асистент, со кој преку говорни команди можете да управувате со повеќе функции во автомобилот, а асистентот за прв пат е збогатен и со вештачка интелигенција директно вградена во возилото.

Вештачката интелигенција  се појавува како посебен аватар во централниот инфотејнмент систем чувствителен на допир.

Комфорен багажен простор

Багажникот има капацитет од 488 литри, а ако ја поместите задната клупа до крај волуменот се зголемувана 575 литри.

Ако пак ги склопите задните седишта, добивате богат простор од 1.386 литри, сосема доволно за еден мал, компактен, СУВ семеен автомобил..

Мотори

Основниот модел на Ауди Q3 доаѓа опремен со 1,5 литарскиот мотор TFSI, четирицилиндричен бензински мотор со блага хибридна технологија, спарен со седумстепен S-троник менувач.

Овој мотор испорачува моќност од 110 кw или 150 коњски сили.

Она што го прави специфичен овој мотор е специјалниот COD систем (cylinder on demand) што значи дека кај ова возило, вo специфични ситуации,при мали оптоварувања, се затвараат вториот и третиот цилиндер во моторот.

Најмоќниот од моторите со внатрешно согорување кај Q3 е 2,0 литарскиот, четирицилиндричен мотор со моќност од 195 кw или 265 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm на сите тркала.

Овој мотор е спарен со седум степенит S-tronic.

Достапен на клиентите им е и плаг ин хибриден модел, кој во комбинација со еектричнит мотор со моќност од 85 kW и вртежен момент од 330 Nm , моделот Audi Q3 SUV e-hybrid, испорачува вкупна моќност од 200 kw, 272 коњски сили и вртежен момент од 400 Nm.

За складирање на енргијата поставена е батерија од 25,7 kw h, со кои се добива автономија и проажање само на струја од 119 километри, согласно WLTP стандардите.

Истрошената батерија од 1о до 80 проценти може да се наполни за само половина час.

Многу опрема за безбедно и удобно возење

Новиот Q3 доаѓа со многу опрема уште во базичната верзија.

Тука се – паркинг системот со прикажување на растојание, темпомат (cruise control со ограничувач на брзината), сигнализација при излегување од коловозната лента со асистент за итни ситуации, систем за препознавање на сообраќајни знаци, сигнализација за измореност на возачот преку следење на неговите реакции при возењето, активен асистент за предниот дел со функција на избегнување или вртење, асистент при проаѓање на раскрсници, асистент за сопирање на возилото во случај на опасност од судар.

Тоа значи дека системите во автомобилот ви помагаат да : сопирате, забрзувате, одржувате брзина, одржувате растојание од возилата пред вас до брзина од 210 км на час.

За прв пат, е воведен и системот на асистент во случај на итност кој ја превзема контролата над возилото доколку возачот веќе не реагира. Системот автономно го управував возилото до банкината, го запира таму, а потоа и ги вклучува аудио и визуелните системи со кои се предупредуваат останатите учесници во сообраќајот за опасноста.

За уште поголема безбедност во возењето во ентериерот е поставена камера која го седи возачот и бара знаци на умор или недостаток на концентрација.

Ако возачот не одговори на предупредувањата на системот во определен рок се активираат визуелен сигнал на таблата и звук, и ако по тоа нема реакции од возачот, системот го паркира возилото на страна и активира повик за брза помош.

Ова возило ќе биде официјално лансирано овој октомври, а основниот модел во Германија ќе чини околу 44.600 евра.

Реклама