PEUGEOT E-208 ја зголеми автономијата на 433 километри

132

Во сегментот на целосно електрични возила, PEUGEOT E-208 е вистински лидер, а како што велат од Францускиот производител оваа позиција дополнително ќе се зацврсти, откако е зголемена автономијата до 433 километри со едно полнење.

Новата автономија е обезбедена кај моделот со моторот од 156 кс (115 kW) и со него се добиени дополнителни 23 километри во (комбинираниот WLTP циклус).

Новиот PEUGEOT E-208 сега е опремен и со Trip Planner кој споен со конектираниот систем за навигација кој ќе им овозможи на возачите оптимално да го испланираат својот пат, како и полнењето на батериите.

Реклама