И тоа може да се случи… во Австрија

191

Според весникот Heute, 38 годишен Австриец на потешкиот начин научил дека не е недопирлив за законот.

Откако сериозно дивеел по улиците на Виена и возел по центарот на градот со брзина од 123 km/h, што е најмалку двојно повеќе од дозволеното, налетал на радарска контрола.

Иако се трудел да се извади од ситуацијата, полицијата веднаш го запленила неговиот Bugatti Chiron, вистинска ѕверка која ја движи 8 литарски мотор, со 4 турбо полначи и моќност од 1.479 коњски сили.

На Австриецот кој направил сериозен сообраќаен прекршок, му била одземена и возачката дозвола.

Реклама