Најголемиот Кинески производител на смарт телефони, Xiaomi, уште еднаш покажа дека сериозно размислува да направи експанзија со своите автомобили на електричен погон во Европа.
Тоа го демонстрираше преку носењето одлука да отвори специјален истражувачки центар во Европа.
И не само тоа, туку Xiaomi, им “украде” неколку врвни експерти на моќните европски играчи во авто индустријата, пред се од BMW.
Kонкретно, за прв човек на истражувачкиот центар, кој најверојатно ќе биде лоциран во Германија, каде што има најголем број на професионалци од областа на технологијата и електричната енергија, е ангажиран Рудолф Дитрих, поранешен раководител во одделот за дигитални производи на BMW.
Неодамна Xiaomi го исфрли својот прв SUV на електричен погон, SU7, кој наиде на огромен интерес во Кина.
Популарни содржини на сајтот :







