Новата ѕвезда на Mercedes блесна во Рим

335

Со спектакуларен евент, соодветен на статусот, брендот и имиџот, Mercedes-Benz им ја претстави на своите автомобилски фанови сосема новата CLA класа, во Рим.

За епицентар на новата CLA Класа беше избрана Villa Miani во Рим, во која покрај познатите луѓе од авто индустријата, продефилираа и голем број на уметници од светот на модата, филмот, музиката…

“Премиерата на новата CLA во Рим – град кој е подеднакво иконски и безвременски како и Mercedes-Benz – беше повеќе од само уште едно лансирање на автомобил. Тој го одбележува почетокот на новата ера за Mercedes-Benz и за нашите клиенти: CLA ќе биде најефикасен и најинтелигентен Mercedes што сме го направиле било кога. Тој е оној едно-литарски автомоби за електричното доба – а во исто време ќе може да биде достапен и во ефикасна хибридна верзија. Тој е првиот во серијата на нови модели што ќе ги додадеме на семејството на Mercedes-Benz.”  – изјави Ола Каелениус, генералниот директор на Mercedes-Benz Group AG.

Настанот во Рим собра многу познати личности од јавниот живот, како што беа Ромео Бекам, Камила Кабело, Еван Мок, Лео Мандела, SOMI, ASAP Nast, Jacob Bertrand, Will.i.am… Музичари, филмски работници, модни гуруа дефилираа по ходниците на Villa Miani очекувајќи ја новата сензација на тркала.

А на самиот почеток на манифестацијата, луѓето од Mercedes-Benz ја почестија публиката со настап на Јужно Африканската сензација – Tyla

Во текот на денот, на овој настан на кој присуството беше исклучиво со покани, посетителите имаа можност да учествуваат и на голем број на презентации, дискусии, тури во живо и со VR, во кои главна ѕвезда, сепак беше новата трокрака ѕвезда.

Како што велат во Mercedes-Benz кај новата CLA класа, исто е името, но се останато е подигнато на многу повисоко ниво.

Така на пример, новата CLA Kласа, е првиот модел што ќе го користи новиот оперативен систем, издигнат благодарение на вештачката интелигенција – Mercedes‑Benz Operating System (MB.OS). Ова е првиот систем што ќе ги интергрира AI од Microsoft и Google и ќе овозможи нова, интуитивна интеракција помеѓу човекот и автомобилот.

Во новата CLA која е целосно електрична, е вградена нова батериска архитектура со 800-волти, која за само 10 минути полнење, може да обезбеди автономија на автомобилот од 325 км. Максималната пак автономија, со целосно полни батерии, ќе може да вози до 792 километри.

Со лансирањето на новата CLA класа, започнува да пулсира и нова дизајнерска линија, со нови иконски елементи како што се целосно осветлената решетка (маска), како и дневните светла во форма на ѕвезда.

Во ентериерот се користи дизајнерската линија на – Zen Градина, што значи дека се се сведува на апсолутен минимум (најосновните потреби).

Доминира MBUX Superscreen (суперекранот) по целата централна линија, кој го подигнува чувството и комфорот во возењето на едно друго, повисоко ниво.

Интересно е и тоа, дека во производниот процес на целосно електричната CLA Класа, инжинерите на Mercedes-Benz направиле исклучителен напор за да го намалат отпечатокот на CO2 во сите производни фази, елементи и компоненти на автомобилот за дури 40%.

Реклама