Audi e првиот авто бренд кој направи сопствен симулатор во кој ќе се тестира полнењето на електричните автомобили, на различни мрежи.
Што тоа значи?
Електричните мрежи, во различни земји се разликуваат меѓусебе во конфигурацијата, волтажа и фреквенција.
Ако уредот е креиран за да одговори на струја со 120 волти и 60 херци, како што е на пример во САД, тој не може да оперира на 230 волти и 50 херци (стандард во Европа).
Затоа, Audi заедно со Bosch Rexroth развива симулатор на мрежи на напојување, на кој може да се тестира дали автомобилите подеднакво се полнат во САД и во Кина, на пример.

Новиот флексибилен тест симулатор може да испорача струја со волтажа од 100 до 540 волти и со фреквенции помеѓу 40 и 65 херци. Тој поддржува монофазна, двофазна и трифазна мрежа како и систем со сплит/фаза.
Со него, Audi, сега може да прави тестирања на своите автомобили, да ги прилагодува податоците и софтверот на автомобилите, според електричната мрежа за напојување на секој пазар. На тој начин автомобилите доаѓаат на сите точки на планетата подготвени итјуирани на локалните прилики.














