Официјалните претставници на Volvo решија новиот Volvo EX30 Cross Country да го претстават на домашен терен – во Шведска.
“Во Шведска се соочуваме со тешки зими, но истовремено сакаме максимално да ги искористиме истите, излегувајќи адвор и истражувајќи ја нашата фантастича природа, дури и кога е температурата под 20 степени Целзиусови” – истакна Џим Рован, директорот на Volvo. “Затоа за нашите клиенти сакаме да створиме комплетно искуство, не само да лансираме нов модел Volvo EX30 Cross Country.”

Volvo EX30 Cross Country e најмалиот во гамата на SUV-a од брендот, комплетно електричен, со автономија од 427 км и брзина на полнење од 26 минути, за полнење од 10 до 80 процени од батеријата.
Опремен е со all-wheel drive (погон на сите тркала) кој го прави подвижен на секаков терен и во секакви услови на патот.
Во споредба со стадардниот модел Volvo EX30, презентираниот модел е за нијанса повисоко подигнат од патосот и има поголеми тркала, што му го дава оној препознатлив Cross Country изглед, со 18 инчните алуминиумски тркала и гуми како опција.

Првиот модел од серијата Cross Country е претставен во 1997 година, a дизајниран e да се справи со тешката Скандинавска клима.
Од каллив терен, до снежна покривка и возење на автопат. Тој може да се справи на секаков терен и да испорача одлични возни својства и комфор.
Токму затоа, за перфектна е избрана локацијата на планинска кабина во северна Шведска, како место на кое ќе се презентира и новиот бисер во класата на електрични SUV автомобили на Volvo.

Eнтериерот е едноставен и практичен, со големи места за оставање напредмети на вратите, простор кој е добиен како резултат на дислоцирање на звучниците – од вратите во цетралната конзола.
Автомобилот има Google built-in систем, што значи дека на возачите им се достапни повеќе Google системи, како што се Google Maps системот за навигација.

Како што се очекува од секое Volvo, и овој автомобил е богат со системи за превенција од судар, со асистенција во кочењето и заштита на пешаци и велосипедисти, а вграден е и системот за препознавање на основните функции на возачот кои сигнализираат доколку се воочи измореност на возачот.















