Шкода – вицешампион во Европа во првите девет месеци

41

Во првите девет месеци од 2026 година, Чешка Шкода, забележа сериозни резултати и здрав пораст на продажбата и профитабилноста.

Имено, во првите девет месеци од годината, Шкода продаде 812,400 примероци, што претставува пораст од 6.1% споредено со минатата година и го освои второто место на пазарот во Европската Унија плус земјите од ЕFTA (Европската асоцијација за слободна трговија).

Со тоа, приходот се искачи за 3,5% на 23,1 милијарда евра, со оперативен профит од 1,9 милијарди евра.

Порастот највеќе се должи на зголемената продажба на електрични и плаг ин хибриди, кои во Европа се продадоа во бројка од 203,100 (за 34,7% повеќе од минатата година).

Oд нив дури 167,400 примероци беа целосно електрични, со најголем уддел на моделот Elroq – 92,200 продадени возила.

Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама