Oбјавена листата на Автомобил на Годината

1649

Објавена е листата на кандидатите за освојување на престижната награда – Автомобил на Годината во Европа (COTY) и од истата можеме да заклучиме дека :

  • за прв пат во историјата, сите кандидати од потесната листа се целосно електрични
  • во оваа листа и покрај големиот прогрес, нема Кинески автомобили

Ова не значи дека електрични автомобили не се нашле претходно на оваа листа која ја составуваат 65 новинари од 25 европски држави.

Не.. На пример минатата година Mercedes Benz CLA (во својата електрична и хибридна форма) ја понесе титулата, но не се случило сите седум автомобили во оваа листа да бидат електрични.

Но, прашање е дали ниту еден од Кинеските автомобили не заслужува да биде на оваа листа.

Во пошироката листа, на пример, беа вброени субкомпактот BYD Dolphin G, спортската Denza Z9GT моделите Leapmotor B05 и B03X МG со моделите IM5, MG4 Urban и MGS6.

Но ниту еден од посочените модели не влезе во потесната листа на седум кандидати од кои ќе се избере и Автомобилот на Годината 2027.

Инаку, на оваа листа се наоѓаат моделите : BMW iX3, Cupra Raval, Hyundai Ioniq 3, Kia EV2, Renault Twingo, Volkswagen ID.Polo и Volvo EX60.

Погледнете ја последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама