Tesla се враќа на врвот во Европа!

22

Според последните податоци од Dataforce, кои покриваат 98% од пазарот во Европска Унија, Велика Британија и четирите земји од слободна трговска Асоцијација (EFTA) Тesla се врати на врвот на продажните табели.

Конкретно, минатиот Септември 2026, Теsla Model Y прокнижи масивни 40,971 регистрации, што претставува пораст во споредба со претходната година од 55%.

На второто место е Model 3 со 25,057 продадени примероци или повеќе од двојно, споредено со истиот месец минатата година.

Со тоа, вупната продажба на Tesla во Септември, 2026 година се искачи на 66,035 примероци, со што за околу 10% го надмина својот претходен рекорд од продадени 60,934 примероци во еден месец (Март 2023).

Со тоа, Tesla Model Y за првите девет месеци од 2026 година се искачи на врвот, а на второто место го симна сеуште популарниот Dacia Sandero.

Попрецизно, во првите девет месеци од 2026 година беа продадени 167,369 примероци на Тesla Model Y, a Dacia Sandero падна на второто место со 162,969 продадени автомобили.

Треба да се спомене и тоа дека со 2,1 милиони продадени автомобили во Европа во првите девет месеци, пазарот порасна за огромни и би рекле неочекувани 39%

Причините за огромниот раст на продажбата во Европа, се кријат во огромниот раст на продажбата на електрифицирани автомобили. Конкретно, дури 76.2% од вкупните регистрации во Септември, беа реагистрации на електрифицирани возила (батериски возила и плаг-ин хибриди).

Од друга страна, возилата со мотори со внатрешно согорување забележаа огромен пад – 20.6% за бензинските и – 28.2% за дизел возилата.

Погледнете на последната епизода на Темпо Магазин :

Реклама